Директната пресметка меѓу актелниот првак Челси и лидерот на табелата Манчестер Јунајтед им припадна на “сините“ кои со пресврт во вториот дел славеа победа од 2-1.

Ѓаволите дојдоа во предност по половина час игра со супер прецизниот удар на Вејн Руни. Домаќините резултатски се вратија во мечот по голот на новајлијата Давид Луиз, а комплетниот пресврт го реализираа со поклон пеналот на судијата . Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Френк Лампард.

Во судиското надополнување поради втор жолт картон, исклучен беше капитенот на Мен Ју , Немања Видиќ.  Манчестер Јунајтед пропушти одлична можност со победа и дефинитивно да го отпише Челси од трката за титулата во Англија.

М.П.