Челси е новиот владетел во Англија откако на Стемфорд Бриџ со фантастични 8-0 го прегази Виган. Избраниците на италијанскиот стратег Карло Анџелоти  на маестрален начин ја запечатија 4-та титула во својата историја. “Сините“ со сите сили “распукаа“ по последната пречка за титулата во Премиер Лигата.

Серијата ја отвори Николас Ањелка во 4-та минута, англискиот репрезентативец Френк Лампард прецизно биеше од белата точка во 31-та минута, Саломон Калу погодува за 3-0 во 54-та минута. Ањелка со вториот погодокот на средбата ја зголеми предноста на 4-0, тогаш на сцена стапи најдобриот стрелец во Премиер Лигата Дидиер Дрогба со хет трик во  63-та, 68-та и 80-та минута, конечните 8-0 за радоста на фановите на сините ги постави левиот бек Ешли Кол.


Манчестер Јунајтед оствари пирова победа совладувајќи го Стоук со 4-0. Шкотскиот репрезентативец Дарен Флечер го отвори резултатот, Гигс зголеми на 2-0, Хигботом постигна погодок но во сопствената мрежа за 3-0, корејскиот репрезентативец Парк стрелаше за конечни 4-0.

 
Резултати: Челси – Виган 8-0, Мен Ју – Стоук 4-0, Барнли – Тотенхем 4-2, Арсенал – Фулам 4-0, Астон Вила – Блекбурн 0-1, Болтон – Бирмингем 2-1, Евертон – Посртмут 1-0, Хул – Ливерпул 0-0, Вест Хем – Мен Сити 1-1, Вулверхемтпон – Сандерленд 2-1

ohridnews