Силното невреме што денеска ја зафати Хрватска однесе една жртва во Вараждин кога на човек паднало дрво, десетици се повредени, а предизвикана е голема материјална штета. Разорната бура во Ријека крена пожарникар во воздух, заедно со паднат лимен покрив. 

Невремето предизвика големи шптети и во главниот град Загреб каде исто така има повредени. Силни врнежи проследени со ветер и студ во Хрватска се очекуваат и наредните денови, кога според прогнозата на метеоролозите се можни и врнежи од снег.

OhridNews