Баерн Минхен е освојувач на германскиот Суперкуп, откако со 2-0 го победи на Шалке. “Баварците“ до победата стигнаа со погодоцита на Мулер во 75 и Мирослав Клозе во 81 минута.

Секогаш сакам да победувам и да освојувам трофеи, не беше лесно бидејќи дел од моите играчи се се` уште уморени од настапите на Светскиот куп -рече Луи Ван Хал за кого ова беше трет трофеј во неговата ера во Баерн Минхен.
Ohridnews