Според гувернерот на Алабама, Роберт Бентли, само во оваа држава загинале 131 човек, а најмногу во градот Таскалуза, кога торнадото го опустошил централното градско подрачје. Делови на градот во кои се наоѓа прочуениот универзитет Алабама се потполно разурнати, а уништена е и инфраструктурата.
Од невремето и преку шест милиони луѓе останаа без електрична енергија.
Нуклеарната централа која се наоѓа западно од градот Хантсвил остана без струја и сега работи благодарение на генераторите на дизел гориво. Во Мисисипи загинаа 11 лица, четворица во Џорџија,а еден човек го загуби животот во Тенеси.
Гувернерите на Алабама, Арканзас и Тенеси прогласија вонредна состојба, додека ситуацијата се смета за сериозна во десетина држави на американскиот југ, од Тексас до Џорџија.
Метеорологот, Џош Наглберг изјави дека ова е најразорниот торнадо во историјата на Алабама.
Поплавите предизвикуваат загриженост во областите кои се зафатени со врнежи од дожд, бидејќи предизвикаа покачување на нивото на водата во реките. Во неколку американски држави нема електрична енергија додека се пријавуваат големи материјални штети на приватните и државните имоти. Поради невремето администрацијата во долината Тенеси затвори три нуклеарни централи во Алабама.
извор: „Макфакс“