Бред Пит деновиве во Токио го промовираше својот најнов филм “Moneyball”. На промоцијата Пит го доведе целото семејство. Бранџелина и децата пристигнаа на аеродромот Ханеда, каде фановите им приредија топол пречек. За време на посетата на јапонскиот главен град Анџелина Џоли се грижеше за шесте деца, додека Пит ги исполнуваше своите обврски кон фановите. На промоцијата на “Moneyball”, кој има одлични критики, Бред и Анџелина се појавија заедно на црвениот тепих. На претставувањето на филмот присуствуваа повеќемина млади безбол играчи кои ги загубија домовите во неодамнешниот разорен земјотрес што ја погоди Јапонија, кои добија поддршка од мега ѕвездата Бред Пит.

Посетата на Бред Пит и Анџелина Џоли на Токио деновиве беше топ вест во јапонската престолнина.

Од Јапонија Бред и Анџелина отпатуваа за Австралија, каде исто така беше промовиран најновиот филм на Пит. Во едно од бројните интервјуа за австралиските медиуми 47 годишниот Бред Пит откри дека планира да се занимава со глума само уште три години. После 50-та тој најави дека ќе биде во филмовите исклучиво позади камера.

Од Токио за OhridNews
Адријан Битрак