Светскиот првак од 1998 година Франција со погодокот на Галас во 103 минута успеа да израмни на 1-1 и да се пласира на Мундијалот. Сепак на погодокот на Галас, му предходеше намерно играње со рака на Анри кое судијата Мартин Хенсон од Шведска не го забележа.
Капитенот на Ирска, Роби Кин беше бесен после реваншот со Франција од баражот за пласман на Мундиалот 2010. – Играњето со рака беше очигледна, ние сме украдени! ФИФА апсолутно не сакаше Ирска да се пласира на завршницата од Светското првенство во Јужно Африканската Република – реагираше напаѓачот на Тотенхем.
Напаѓачот на Франција, Тиери Анри, призна дека играл со рака при постигнувањето на голот на Галас, но тоа било работа на судијата и воопшто не се чувствува виновен заради неправдата која им е нанесена на Ирците.
–
Ќе бидам искрен и ќе признаам дека играв со рака. Но јас не сум судијата. Одиграв со рака, судијате не свирна ништо. Тоа е прашање кое ќе треба него да му го поставите.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com