Рома го победи Милан во дерби пресметката во Серија А. Стрелец на единствениот погодок вреден три бода за волчицата беше поранешниот фудбалер на Милан, Марко Бориело во 67 минута. За росонерите ова беше втор пораз на домашен терен, по негативниот резултат против Јувентус.

Претходно во воведниот натпревар Чезена со 1-0 го победи Каљари.