Храбри витези водеа беспоштедна борба во центарот на Охрид. За среќа не се работеше за вистинска борба, иако според жестокоста многу наликуваше на тоа. Витезите се членови на перформанс група од Чешка која демонстрира витешки вештини.  Тие се дел од Првиот историски фестивал “Средновековен Охрид“, што вчера попладне свечено беше отворен во Охрид.

Ohridnews