Младиот охридски музички талент, Боби Мојсовски, беше гостин на ревијалниот концерт на Славјански Базар во Белорусија на кој пред 4 години го освои второто Гран-при за Република Македонија.
– Преубавите сеќавања кои ми се враќаат кога стапнувам на сцената на толку голем фестивал кој го финансираат три држави- Русија, Белорусија и Украина е неопислив. Навистина ми е мило што постојано добивам поддршка преку социјалните мрежи од сите мои фанови кои го поддржуваат моето дело и труд. Најмногу ми се полни срцето кога го гледам македонското знаме како се виори на големиот екран на сцената позади мене, изјави Мојсовски.
Овој пат, Боби Мојсовски настапи на истата сцена со Руслана – победничката на Евросонг 2004, Јелена Томашевиќ и легендарниот Мајкл Болтон.
OhridNews