Возбудливо 2-2 реми на Македонската фудбалска репрезентација на пријателскиот натпревар против Босна и Херцеговина во Зеница.

На тешкиот терен за игра  “Билино Поле” во Зеница, сите голови паднаа во првите 45 минути. На двата гола на Дамјановиќ во 17 и 19 минута, одговори Горан Мазнов во 41 и 45 минута.

Со ова реми Македонија ја продолжи успешната мини-серија мечеви без пораз , по победите над Андора и Хрватска и нерешениот резултат со Србија.


– Влеговме лошо во натпреварот, Босна заслужено поведе, но ние се консолидиравме и во финишот возвративме. Во вториот дел одигравме многу подобро и ја контролиривме играта. Задоволен сум, како почнавме добро завршивме –рече по завршувањето на мечот Катанец.

Петтиот пријателски меч помеѓу овие два селекции заврши нерешено, по што меѓусебниот дуел е потполно изедначен – по една победа за двете репрезентации и три нерешени резултати.

Натпреварот во Зеница започна со едно минутно молчење во чест на трагично загинатата македонска поп ѕвезда, Тоше Проески.