Охридските музички уметници Петар Маркоски и Горан Папаз, повторно со заеднички проект. Овој пат со неавторска нумера, односно преработка на познатиот џез стандард од 1931 година “Dream a little dream of me” од Fabian Andre, која заеднички ја изведуват Петар Маркоски квартет и Горан Папаз.
-Песната има 60 официјални снимки во светски рамки и се надеваме дека и нашата ќе најде место, некаде таму, во светот. – велат Петар и Папаз. Оваа песна, додаваат тие, е празничен подарок за љубителите на добрата музика.
Аудио и видео записот ги изработи Даниел Јовески.
Безвременската “Dream a little dream of me” на охридски начин
OhridNews