Норвешката судиска тројка, на чело со главниот Том Хенинг Овребо, во голема мерка му овозможи на Баерн на реванш натпреварот во осминафиналето од ЛШ во Фиренца да патува со предност од 2:1. Дури и стрелецот на победничкиот гол Мирослав Клосе призна дека бил во офсајд.


„Мојот инстинкт ми велеше дека сум во офсајд, а кога ја видов снимката, можев во тоа и да се уверам“, призна германскиот репрезентативец.

Ohridnews