Второлигашот Бетис го направи она што не им успева на шпанските прволигаши. “Зелените“ во ревнаш мечот од шпанскиот Копа Дел Реј ја победија Барселона со 3-1, но благодарени на петардата во првиот натпревар Меси и компанијата одат во полуфиналето на мегдан на Алмерија.

Алмерија и во вториот натпревар го победи Депортиво со 3-2 и обезбеди полуфинале во купот. Противникот на Алмерија, Барселона им го нанесе најтешкиот пораз во досегашниот дел од првенството со 8-0.

Последниот патник меѓу најдобрите четири ќе биде познат по дуелот Атлетико – Реал М, по првиот натпревар “кралевите“ имаат 3-1 предност.

М.П.