Екстремниот спортист, авантуристот Феликс Баумгартнер, денеска успешно изведе скок од работ на вселената и притоа сруши три рекорди, но не и тој за најдолг слободен пад. 43-годишниот Австријанец скокот го изведе од точно 39.068 метри, го проби звучниот ѕид со телото и за 5,5 минути се спушти на Земјата. Со тоа Феликс стана првиот падобранец во светот кој го пробил звучниот ѕид.


Баумгартнер кој за овој скок се подготвуваше 5 години ги собори рекордите за најдолг лет со балон со кој управувал човек, за најбрз слободен пад и рекордот за слободен пад од најголема височина, но не успеа да го собори рекордот на неговиот ментор Џо Китинџер во времетраење на слободниот пад.

OhridNews