Италијанскиот премиер Силвио Берлускони не престанува да го изненадува светот. Тој вчера „си играше криенка“ со германскиот канцелар Ангела Меркел, на кусата средба во италијанскиот град Трст.

Додека делегацијата што ја предводеше  Меркел се упатуваше кон местото на  официјалната средба, Берлускони сокриен зад голем споменик ја чекаше да се појави. Кога Меркел минала покрај него италијанскиот премиер извикал „бу“. Германската канцеларка се насмеала и извикала „Силвио!“, по што двајцата се прегрнале.


Ова не е прв пат Берлускони да биде во центарот на вниманието со своето однесување. Неодамна тој го нарече новиот американски претседател, Барак Обама, „исончан“.

Ohridnews