По четири одиграни кола три екипи со идентични десет бода се наоѓаат на врвот на табелата. Скапо го платија данокот на неиускуство охридските бели, кои беа на прагот на четвртата победа во серија. Вака ќе мора да се задоволат со бод. Убедлива беше Брегалница која со 2-0 го совлада Нов Милениум и е единствената екипа која нема примено погодок во првите четири кола од шампионатот. Кругот се заокружуваа со вечно амбициозниот второлигаш Тетекс кој се врати со огромни три бода од гостувањето кај Маџари.

 

Продолжува резултатската криза во тетовска Шкендија која беше поразена од Дрита. До првата победа во шамионатот стигна и новакот Кожув на гостувањето кај Скопје и тоа преку некогашниот играч на Охрид и македонски репрезентативец Мирослав Ѓокиќ. Возбудливо реми одиграа Вардар и Цементарница 3-3, додека мечот Локомотива – Слога го одбележа меѓусебното каменување на навивачите на овие скопски екипи. Серијата порази продолжи за Новаци кој со 4-1 беше поразен од Беласица.

M.П