139-то белградско дерби кое се одигра во 9-то коло пред 20 000 гледачи помеѓу Црвена Звезда  и Партизан им припадна на “гробарите“ кои со мининални 1-0 го совладаа “крвниот“ ривал.


На погодокот се чекаше само пет минути, бразилецот Клео ја искористи грешката на стоперот на “црвено-белите“ Ѓорѓевиќ, додава до осамениот Мореира кој непречен од никого стрела во празната мрежа на Црвена Звезда.


Македонскиот репрезентативец Александар Лазевски ги одигра сите 90 минути во дербито.

ohridnews