Тотенхем го победи европскиот првак Интер со 3-1 во најпривлечниот натпревар од 4. рунда во А-Д сегментот. “Мамузите“ инспирирани од крилниот офанзивец Герет Бејл како ретко кој тим во последниве неколку години го надиграа индиспониораниот тим на Рафа Бенитез.


Во тимот на Интер, стартер беше македонскиот репрезентативец Горан Пандев кој во целост се вклопи во сивилото на италијанскиот првак. Бејл беше главна фигура на мечот во кој головите ги постигнаа Ван Дер Варт, Крауч и Пављученко за Тотнам , додека Ето беше стрелец на почесниот погодок.

Резултати :
Тотенхем – Интер 3-1, Вердер – Твенте 0-2
Табела: Интер 7 бодови, Тотенхем 7,
Твенте 5, Вердер 2, .

Наредно коло : Интер – Твенте, Тотенхем – Вердер.

Група Б
Бенфика – Лион 4-3, Хапоел Тел Авив – Шалке 0-0
Табела: Лион 9 бодови, Шалке 7, Бенфика 6, Хапоел 1.

Наредно коло: Шалке – Лион, Хапоел Тел Авив – Бенфика.

Група Ц
Бурсаспор – Мен Ју 0-3, Валенсија – Глазгов Ренџерс 3-0



Табела: Манчестер Јунајтед 10 бодови,
Валенсија 7, Ренџерс 5, Бурсаспор 0.

Наредно коло : Ренџерс – Мен Ју, Валенсија – Бурса

Група Д
Рубин – Панатенаикос 0-0, Копенхаген – Барселона 1-1
Табела: Барселона 8 бодови, Копенхаген 7, Рубин 3, Панатенаикос 2.

Наредно коло:  Рубин – Копнехаген, Панатенаикос – Барселона

Ohridnews