Колку и да имате години, сигурно се сеќавате на незаборавниот хит на Бијело дугме „Селма“, песна која поетот Владо Дијак ја напишал во далечната 1949 година, а Жељко Бебек и Бјело Дугме ја лансираа како огромен хит во 1974 година.
Селма Бориќ, родум од Зеница, го инспирирала Владо Дијак да ја напише оваа незаборавна песна. Оваа денес 83-годишна госпоѓа беше гостинка на ХРТ во емисијата „Осми кат“ во која после долги години се сретна со Жељко Бебек кој ја трогна до солзи уште еднаш пеејќи и ја песната која неа и е посветена.Селма која средно училиште учела во Сараево, раскажа како го запознала Владо Дијак.
„Владо го сретнав во Бутмир, 1945 година на еден аеромитинг и тој постојано ме гледаше. Веднаш се заинтересира за мене. Подоцна се среќававме на корзото во Сараево. За викендите често патував за Зеница и еднаш Владо ме сретна на железничката станица и ми го носеше куферот. Ми помогна да влезам во возот, во мојот вагон прозорот беше скршен и тогаш ми рече „Селма, не наведнувај се над прозорот“,раскажуваше Селма и додаде дека Дијак пател по неа четири години, но никогаш не и пришол.
Бебек призна дека средбата со Селма после 38 години за него била многу емотивна.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com