Баерн Минхен со победата над последно пласираната Херта од 3-1 ја запечати 22-та титула во Бундес Лигата. Баварците триумфираа благодарение на погодоците на хрватскиот интернационалец Ивица Олич и најдобриот фудбалер во црвено-белиот дрес Арејн Робен, кој два пати ја затресе противничката мрежа.
Баерн Минхен е освојувач на “покалот“, Шалке 04 е вицепрвак и директно обезбеди пласман во Лигата на Шампиони.
Вердер Бремен го зазеде третото место кое води во квалификациите од Лигата на Шампиони. Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд наредната сезона ќе играат во Лигата на Европа.
Нирнебрг по баражот ќе го решава статусот на прволигаш додека со елитното друштво се збогуваа Бохум и Херта.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com