Фудбалерот на Њукасл, Џои Бартон е казнет со три натпревари поради удирање на Мортен Гамст Педерсен со бокс на натпреварот со Блекбурн.

– Казната од ФА е на место, направив непромислен потег со удирањето на Педерсен. Се извинувам на мојот тренер, фудбалерите, фановите но и на самиот фудбалер Мортен Гамст Педерсен – смета “боксерот“ Џои Бартон.

Мх.П.