Барселона прокнижи лесни три бода победувајќи го Тенерифе на Ноу Камп со  4-1. Најдобриот стрелец во Примера Дивизион Лионел Меси со погодокот во 17-та минута ја отвори серијата голови додека со вториот погодок за него во 90-та минута ја затвори. По еднаш прецизни за блауграната беа Педро и Кркич додека Мартинез погоди за Тенерифе.


На две кола до крајот лидерот на табелата Барселона има 93 бода, второпласираниот Реал Мадрид има 89 бодови но и натпревар помалку, трета е Валенсија додека четворката ја затвора Мајорка.

ohridnews