Барселона резултатски “лесно“ мина преку Атлетико Мадрид победувајќи со 2-1. Меси и Пике погодија за Барса, додека Гарсија беше стрелец за ’јорганиџиите“.

Меси не го дочека финишот на мечот откако беше повреден во втората минута од судиското продолжение, при продорот на ногата на 23-годишниот
напаѓач нагази 32-годишниот дефанзивец Ујфалуши, за што го заработи
вториот жолт картон, што воедно значеше и исклучување.

Ако се потврди првичната дијагноза, Меси ќе ги пропушти првенствените двобои пред домашната публика против Мајорка и Спортинг Хихон, како и гостувањата кај Билао во Примера, односно Рубин Казан во Лигата на Шампионите.

Ohridnews