Втора година по ред Барселона го преслушува Реал Мадрид, на “Сантијаго Бернабе“. Избраниците на Гвардиола имаа милост и годинава само со 2-0 го совладаа најскапиот тим на планетата.

По победата во Ел Класико, “Блауграната“ е чекор поблиску до одбраната на титулата во “Примера Дивизион“. Најдобриот светски играч во моментов и прв стрелец во Барселона, Лионел Меси со неговиот 27 погодок го отвори резултатот во 33-та минута. Во вториот дел по серијата неискористени шанси на “лос бланкос“ казната стигна како “бумеранг“ од фудбалерот за големи натпревари Педро.

Табела: Барселона 80, Реал Мадрид 77, Валенсија 56, Севиља 51…

OhridNews