Барселона го победи Арсенал со 3-1 и се пласираше во наредната рунда од шампионската лига. Во натпревар кој предизвика лавина реакции кај англичаните на судењето на “контрoверзниот“ Масимо Бусака подбро се снајдоа домаќините.


Се чини не и беше потребна помошта на Бусака, на “блауграна“ која половина час играше со играч повеќе по исклучувањето на Ван Перси, поради втор жолт картон. Одлучувачки момент беше најстрогата казна која швајцарецот ја виде по стартот над Педро.

Меси повторно беше играчот на одлука. “Mалиот“ Aргентинец го отвори но и го затвори резултатот. Барса ја продолжува трката во Лигата на [ампиони, додека младите “топници“ ќе мора да чекаат друга шанса за елиминација на Барселона.

М.П.