Тениски 6-1 резултат на Барселона за прв триумф во овогодинашната Примера. Цехот за лошиот старт на избраниците на Гвардиола го плати Спортинг Хихон. Чави, Ето, Кеита, Иниеста, и на два пати Меси беа стрелци на погодоците за Барса.

Како победници од гостувањето кај Расинг се враќаат и кралевите кои победија благодарение на головите на  Де ла Ред и Нистелрој.

Резултати:
Алмерија – Малага 1:0
Атлетик Билбао – Ваљадолид 2:0
Депортиво – Мајорка 0:0
Нумансија – Виљареал 1:2
Бетис – Севиља 0:0
Валенсија – Осасуна 1:0
Расинг – Реал Мадрид 0:2
Спортинг Хихон – Барселона 1:6
Атлетико Мадрид – Рекреативо 4:0
Еспањол – Хетафе 1:1

Табела: Валенсија, Алмерија, Виљареал и Еспањол по 7 бодови, Атлетико Мадрид и Реал Мадрид по 6 . .