Актуелниот првак и лидер во “Примера“, Барселона немаше милост за Виљареал и со убедливи 4-1 ги порази на “Ел Мадригал“. Меси на два пати, Чави  и Кркиќ погододија за “блауграна“ која се одлепи пред “кралевите“ на плус четири. Реал во натпреварот од оваа рунда ќе игра против Осасуна на домашен терен.