Ново лето, стар проблем. Голем туристички автобус со странски регистарски таблички вчера заглави на една од острите кривини на ул. ”Кирил и Методиј” во населбата Кошишта. Му требаше долго време да ја ”реши” ситуацијата, се разбира со помала материјална штета бидејќи предницата на возилото биквално се залепи на асфалтот, сведочат очевидци.
Охриѓани коментираат дека не е прв пат патнички автобус да заглави тука. Велат дека недостига соодветна сообраќајна сигнализација, но и контрола на сообраќајот.
OhridNews