Сите 108 патници и членовите на екипажот ја преживеаа несреќата на
авионот од типот „Boeing 737-800 Next Generation“ на
индонезиската компанија „Lion Air“, кој при слетување на остров во Бали ја
промаши пистата и заврши во океанските води. Во несреќата повредени се
45 лица, јавуваат светските агенции.


Повредените патници се згрижени во повеќе болници. С поред првичните информации нема посериозно повредени.

Од
телевизиските снимки се гледа како полицијата и спасувачите со гумени
чамци ги извлекуваат патниците од авионот кој се „насука“ во плитките
води.

Причините за несреќата на авионот на „Lion Air“, засега се непознати.


„Lion
Air“ која доживува вистинска експанзија држи 50 проценти од
авиобизнисот во Индонезија. Компанијата има забрана за летови во ЕУ
поради неисполнување на безбедносни процедури.

За „Lion
Air“ се поврзани неколку интересни информации. Имено, оваа компанија, која постои од 2000 година, потпиша договор за набавка на 234 авиони од марката
„Airbus“ , што е најголема нарачка за европскиот производител на авиони.
Исто така „Lion
Air“ минатата година изврши најголема нарачка во
историјата на „Boeing“ за 230 авиони, кои треба да и се достасват на
индонезиската компанија во периодот 2014 до 2026 година.

OhridNews