На авион на турската воздухопловна компанија „ Turkish Airlines“ на летот од Милано до Истанбул денес му се запалил моторот, но сепак успешно слетал на истанбулскиот аеродром „Ататурк“.
На турските медиуми беше прикажано како пожарникарите му се приближуваат на авионот и го гаснат пожарот. Патниците на леталото „Аирбус А320“ на летот ТК1878, биле безбедно евакуирани и нема повредени.
Авионот слетал во вториот обид, објавија од аеродромот во Истанбул, по успешно извршеното принудно приземјување. „Сите 97 патници се пренесени до терминалот и сите се чувствуваат добро. Причината за инцидентот ќе биде познат по истрагата“, изјави претставник на авио- компанијата.
OhridNews