Светски познатиот гитарист од Охрид Дамјан Пејчиноски, на концертот од серијалот “Smoke on the water”, што неодамна се одржа во Минск, Белорусија, настапи заедно со Претседателскиот оркестар. Тие ја изведоа „Strings on the fire“, авторска композиција на Дамјан, кој имаше атрактивен настап пред белоруската публика.
Неодамнешниот беше втор концерт од серијалот “Smoke on the water”, на кој настапи уште еден охриѓанец, пејачот Боби Мојсоски. Настапот на Дамјан и Боби во Белорусија го реализира менаџерот Марјан Катароски. Концерот минал извонредно добро и веќе е најавено трето издание, исто така во Минск во септември.
-Огромно искуство и огромна одговорност e да се свири со еден од најдобрите оркестри на планетата, со кој настапуваат сите светски музичари кои доаѓаат во Белсорусија.-изјави Дамјан Пејчиноски.
Непосредно по настапот со него, Претседателскиот оркестар на Белорусија имаше концерти со мајкл Болтон, вокалниот состав „Ин Диво“ и познатиот хард рок бенд „Скорпионс“.