Атлетико Мадрид – Фулам  ќе играат во првото финале од новоформиранта лига Европа. Фулам до  историското финале стигна откако со пресврт го совлада Хамбургер.  Хамбургер поведе со прекрасниот погодокот од слободен удар на хрватскиот репрезентативец Младен Петрич. Сајмон Дејвис во 70-та минута го изедначи резултатот додека комплетниот пресврт беше дело на Гера во 76-та минута.

Уругвајскиот интернационалец Диего Форлан ги сруши надежите за англиско финале. “Црвените“ ја анулираа предноста на “јорганџиите“ во финишот на првиот дел со голот на италијанецот Аквилани. Мрежите мируваа во регуларните 90 минути, по што натпреварот замина во продолженија. Веднаш на стартот Бенајун погоди за 2-0. Кратко траеше радоста на популарниот “КОП“ откако поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Форлан го искористи додавањето на Рејес и го трасираше патот на избраниците на Кике Флорес кон Хамбург во финалето на Лигата Европа.


Мх.П.