Шпанскиот Атлетико Мадрид е победник во првото издание од новоформиранта Лига Европа. “Јорганџиите“ предводени од  Диего Форлан со 2-1 во продолженијата го совладаа англискиот Фулам.


Избраниците на Кике Санчез Флорес во предност дојдоа по половина час игра во првиот дел преку Форлан. На неговиот погодок одговори Гера неколку минути подоцна. По постигнатите погодоци, двата тима не ризикува ништо и натпреварот замина во продолженија.

Слично како и во полуфиналето уругваецот беше таличен за шпанците. На пет минути пред крајот Форлан погоди по додавањето на Кун Агуеро.

За Атлетико ова е само вториот евро трофеј во клупската историја. 

М.П.