Антикорупциската комисија смeта дека новите 190 вработувања во МЈП Проаква биле спроведени незаконски, односно дека не биле почитувани препораките за постапување за време на изборен процес. Во неколку случаи се создадени елементи за поведување прекршочна постапка. Еден од нив е меѓуопштинското претпријатие „Проаква“ Струга-Охрид во кое за време на изборите се вработени 190 лица, изјави на прес конференција во Скопје, претседателката на Антикорупсиската комисија, Мирјана  Димовска. Таа појасни дека не би било спорно доколку вработувањата за време на изборите се дел од годишниот план на претпријатијата и за кои се веќе обезбедени буџетски средства. Во спротивно, како што додаде, вработувањата се третираат како вонредни и се предмет на Антикорупциската комисија.

Директорот на MJП Проаква, Бранко Трпчески, за Ohridnews   изјави дека не чувствува никаква одговорност, бидејќи како што рече, целокупната постапка е спроведена законски и согласно потребите и одобрената систематизација на претпријатието.

Ohridnews