Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ  одигра маестрален меч и со 20 постигнати поени четири скока и три асистенции беше најзаслужниот играч во победата на Олимпијакос од 74-79 на гостувањето против Нанси во Франција. По овај триумф Олимпијакос во Топ 16 фазата влегува од првото место во Групата А, пред Фенербахче и Каха Лаборал.


Владо Илиевски имаше незабележителен ефект на мечот кој Ефес Анадолу го загуби од Реал Мадрид со 66-75. Илиевски во 12-те минути минати на паркетот игра имаше само еден неуспешен обид за три поени и само една асистенција.

Белградски Партизан претпре елиминациски пораз од Армани Џинс со 72-66 и не успеа да влезе во Топ 16 фазата.

Ohridnews