Во најновото интервју на Ѓоко Танески за esc.com нашиот евровизиски претставник го дообјаснува тоа што се обидуваше да го каже во првото. Кажа дека лошиот англиски било шега, а македонскиот народ не му ја разбрал шегата. Ѓоко  објасни дека веќе не се чувствувал како риба туку како ајкула. На прашањето  на новинарот зошто тогаш толкави  реакции во Македонија за претходното интервју Танески рече тоа било поради шегувањето кое не било разбрано: – Па, сега морам да кажам дека се чувствувам како ајкула, а не како риба, додаде Танески. 



На читателите на евровисиската интернет страна Ѓоко им порача да бидат среќни и да слушаат музика.

Македонската делегација во интервјуто побара од Европа да гласа за нив, а Македонија ја замолија за поддршка – молбата до македонските граѓани ја упатија на англиски јазик.

Ohridnews