Со одигрувањето на  пријателските средби започна загревањето и испитувањето на силите за претстојното 19-то Светско првенство кое се игра во Јужна Африка.

Англија на Вембли со 3-1 го совлада Мексико додека Аргентина со убедливи 5-0 триумфираше над Канада. Соседското дерби помеѓу Австралија и Нов Зеланд им припадна на “кенгурите“ кои победија со 2-1. Репрезентацијата на Португалија неочекувано одигра без голови со Капе Верде.


Резултати: Англија – Мексико 3-1, Аргентина – Канада 5-0, Австралија – Нов Зеланд 2-1, Португалија – Капе Верде 0-0, Јужна Африка – Бугарија 1-1, Јапонија – Кореа 0-2.

ohridnews