Со гостинскиот триумф од 2-0 над Копенхаген, “сините“ го покажаа другото лице во Лигата на Шампиони и направија голeм чекор кон 1/4 финалето од “нок-аут“фазата.  


Францускиот интернационалец Николас Ањелка на два пати беше стрелец за четата на Карло Анчелоти. Реванш натпреварот на Стемфорд Бриџ кој се игра на 16 март  ќе биде чиста формалност.