Маратонскиот пливач Александар Илиевски ги оствари неверојатниот подвиг и исплива 71 километар во Охридското езеро.

Илиевски, во 3 часот по полноќ тргна од Градското пристаниште во Охрид. Потоа, пливаше до Св. Наум, па до Струга и се врати во Охрид. Делницата маратонецот ја исплива за 15 часа, 21 минути и 38 секунди, а на Градското пристаниште беше пречекан од голем број на охриѓани, туристи и вљубеници во пливањето. Дел од финишот на Илиевски може да погледнете на следниов линк, тука.

Подвигот на Илиевски е одлична најава за пливачките настани кои овој месец ќе се одржат во Охрид. На 14 август ќе се одржи „Len Open Water Cup 2021“. На 21 август, во водите на езерото ќе се одржи Охридскиот пливачки маратон, а на 28 август на програмата е трката од ФИНА програмата.

 

OhridNews