Охридскиот бенд “Геврек”е формиран во 2009 година. На самиот почеток тие настапуваат како бенд кој изведува преработки од познати светски хитови. После една година активно настапување низ охридските кафулиња и насекаде низ Македонија бендот започнува да работи на авторски материјал. Материјалот за првиот албум се снима во студиото на Кречо саунд во Охрид. Целиот албум е снимен во анплагт верзија, како што бендот настапуваше првите две години.
Камера и монтажа Настевски Пеце, звук Зоран Кречо.
Членови:
– Иво Нелоски-вокал, ритам гитара,виолини
– Никола Јосифоски-перкусии,клавијатури,вокали
– Крсте Симиџиоски-бас гитара
– Јован Бочвароски-соло гитара
– Антонио Ристевски-ритам гитара.