Патниците на Лутхансовиот Аирбус во шок гледаа како јакиот ветер за малку не го собори нивниот авион, а трагедијата е избегната благодарение на присебноста на пилотоот кој во последната секунда успеа да го подигне авионот од пистата.
Олујата Ема, која во саботата навечер беснееше низ Европа е причина за избегнатата несреќа.
При слетувањето, поради јакиот ветер, дури 250 км/ч, левото крило на авионот за малку не удрило во пистата.
Пилотот во последната секунда успеал да го подигне авионот во воздух и продолжил да кружи над Хамбуршкиот аеродром.
По вториот обид безбедно слетал, и ниеден патник не е повреден, но сите се во шок.
„Тие неколку секунди не можат да се опишат. Навистина беше грозно“, рекол еден патник, пренесуваат германските медиуми.
Волганг Вебер, портпаролот на Луфтканса, за германскиот Шпигел, изјавил „Патниците беа во паника. Некои дури и заплакаа“.
Германските медиуми, 39 годишниот пилот Оливер А. го прогласија за херој.