По одиграните 49 натпревари во 17 дена, денес е финалниот ден на турнирот во Мал Фудбал Охрид 2008.  На вечерашното фудбалско “мени“ се натпреварите за распределба на местата.

Натпреварот за трето место се игра во 19.00 ч, а играат поразените од полуфиналните пресметки Марлин и Бекче.

Пред стартот на големото финале ревијален натпревар ќе одиграат екипите на О.У. “СВ. Климент Охридски” и “Христо Узунов”.

Финалето помеѓу Скопско – Вис Пој започнува во 21 часот.

Наградата за првото место ќе ја додели градоначалникот на Охрид Александар Петрески.