Воз удрил во железничката станица „Франција“ во центарот на Барселона, при што 48 лица биле повредени, а според информациите на итната медицинска помош, во инцидентот нема загинати. Несреќата се случила околу 7:15 часот.

Најмалку 18 повредени, од кои пет со тешки повредни, биле хоспитализирани. Меѓу оние што се тешко повредени е и машиновозачот.

Снимките и информациите што се објавени на социјалните мрежи покажуваат дека возот не запирал кога започнал да влегува во станицата. Според непотврдени информации, возот во станицата влегол со брзина од 80 километри на час.