Убавините на Охридското Езеро, на подводните пештери Врело во Македонија и на Блиска во Албанија, се прикажани во видео записот на нуркачкиот клуб “Bottom time”. Видеото е снимано во 2016 година, а во него се користени фото и видео материјали на Никола Паскали, Криштоф Старнавски, Даниел Атанасовски, Игор Петрушевски, Ирена Паскали и на Марјан Темовски. Во снимањето учествуваа членови на “BOTTOM TIME”, “AKVATEK”, “DIVE CLUB VRELO”, “Krzysztof Starnawski Expedytion”, “S.K. ZLATOVRV”, “Robinson Sunset House”, Дејан Сарнев, Галија Иванова, Борче Чатал и екипа од Љубаништа. Видеото го едитираше Никола Паскали, а музиката е “Underwater” на MIKA.
OhridNews