Дваесет лица се повредени во пожар што избувнал непосредно пред полетувањето во еден од моторите на авион од типот „Boeing 767-300“ на авиокомпанијата „American Airlines“. Инцидентот се случил на аеродромот „Охејр“ во Чикаго. Пилотите во последен момент го одложиле полетувањето, по што авионот бил итно евакуиран. Во паниката дваесет лица се здобиле со повреди, но избегната е поголема трагедија затоа што авионот бил на 10 до 20 секунди од полетување кога се избувнал пожарот. Доколку тоа се случеше во воздух последиците ќе беа катастрофални, изјавија претставници на аеродромската противпожарна служба.
На авионот имало 161 патник и членови на екипажот.
OhridNews