Горан Пандев по јубилеен десети пат се запиша во листата на стрелци. Лацијалите прашањето околу победникот го решија до 25 минута кога еднаш Роки, а потоа Пандев ја затресоа мрежата на репрезентативецот на Италија, Марко Амелија. Пандев, ја игра петтата сезона во небесно синиот дрес, е мошне блику до израмнување на минатогодишниот рекорд кога постигна 11 гола. Екипата на Лворно му лежи на Горан. Овај погодок е негов шести во шесте пресметки помеѓу овие два клуба.

Резултати 27-мо коло, Сериjа А:
Торино – Аталанта 1:0, Катанија – Каљари 2:1, Сиена – Фиорентина 1:0 , Емполи – Милан 1:3, Наполи – Рома 0:2 ,Парма – Сампдорија 1:2, Џенова – Јувентус 0-2, Интер – Реџина 2:0 , Палермо – Удинезе 1:1.