Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска ќе ја посети компанијата „Костал“ во Охрид.

Битиќи при посетата од страна на раководството ќе биде запознаен со тековните предизвици и идните планови.

На средбата покрај вицепремиерот Битиќи, ќе присуствуваат заменик-амбасадорот на Германија, Ото Граф, главниот оперативен директор и член на УО на Костал, Хансјорг Херман, како и генералниот директор на „Костал“ Македонија, Виктор Мизо.

OhridNews