Инвестирањето во злато е секогаш успешно, и тоа не само поради добро вложените пари, туку и поради задоволствата кои ги носи. Исклучок не претставува ниту вибраторот „Ива“ обложен со 24 каратно злато, кој од шпанските медиуми неодамна бил претставен како најскапата сексуална играчка која моментално може да се набави на пазарот за еротски помагала, по цена од 1200 долари.
Елегантниот мал вибратор долг околу 8 сантиметри се продава во кутија од племенито дрво и фин сатен, како што му прилега на таков луксузен производ. Неговиот изглед, кој е дело на шведски дизајнери, прилагоден е на женскиот извор на задоволства, и е толку убав што не мора да се срамите доколку случајно ви испадне од ташната. Многу е лесен и максимално тивок. Наполнетите батерии му траат седум часа, а кога ќе се вклучи на вибрација од 80 херци, секоја дама може да се увери дека чистото злато пари вреди.