Бентли за малку не умрел поради паразити во градите кои предизвикале оштетување на артериите и откажување на срцето. За среќа ветеринарот Бен Харис имал добро претчуство дека таблетите против импотенција ќе му помогнат, па сега крвта му циркулира нормално. Сопственикот Давид Роч од Британија го однел на ветеринар кога приметил дека дека брзо останува без здив.
„Кога дојде едвај одеше неколку по неколку чекор“ – рекол Бен.
Наодите покажаа смртоносен паразит во градите кој се проширил на градните артерии кои ја носат крвта од срцето.
„Воодушевени сме! Повторно е среќен и активен“ – рекол Давид.
Бентли ќе мора да пие виагра до крајот на животот. Но, за несреќа нема да може да ужива во дополнителниот ефект на таблетата бидејќи го кастрирале кога бил уште мал.